Полициски билтен – Нападнат полициски службеник, повреден пешак

0
72

Полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово-Полициска станица Гостивар, вчеравечер ( 28 јули ) околу 22 часот и 35 минути, на излезот од Гостивар, на Здуњска крстосница, го лишиле од слобода 62-годишниот Х.И. од гостиварското село Здуње, кој управувајќи патничко моторно возило „Фолксфаген голф“ со гостиварски ознаки, не почитувал дадена наредба и физички нападнал полициски службеник. Х.И. задржан е во Полициската станица Гостивар и по целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе следува соодветен поднесок

Вчеравечер ( 28 јули ) околу 22 часот и 30 минути, во тетовското село Лешок, лишен од слобода е 22-годишниот тетовец И.С, кај кого пронајдена е марихуана и ризла.
Се расчистува случајот и ќе следува поднесок.

Дваесет и петгодишниот Б.С. од тетовското село Пршовце и неговиот брат Б.С.(26), вчера ( 28 јули ) пријавиле дека околу 15 часот во близина на трговски центар во Тетово, физички биле нападнати од 29-годишниот Б.Ј и 25-годишниот Н.С од тетовска Стримница, како и од уште едно лице, кои по нападот избегале.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Завчеравечер ( 27 јули ) околу 21 часот, на крстосницата на регионалниот пат Гостивар-Градец со локалниот пат за селото Дебреше, управувајќи патничко моторно возило „Фолксфаген венто“ со гостиварски регистарски ознаки, 64-годишниот гостиварец Ќ.Р. удрил во 61-годишната С.И. од Дебреше ( пешак ).
Во несреќата, С.И. задобила тешки телесни повреди и пренесена е во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“ за укажување лекарска помош.
Извршен е увид.