Се намалија цените на горивата

0
125

Цената на бензините од синоќа се намалија за еден денар, а на дизелот и на екстра лесното масло за домаќинство за половина денар.

Согласно новите цени, ЕУРОСУПЕР БС-95  се продава по цена од 69,5 денари за литар, а ЕУРОСУПЕР БС-98 за 71,50 ден/лит. Новата цена на дизелот  изнесува 61,5 ден/лит, додека на Екстра лесното масло за домаќинство 51 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот е намалема за 1,914 ден/кг и се продава по цена од
34,167 ден/кг.
Намалувањето се должи на пониските цени на нафтените деривати на светскиот пазар во изминатиот седумдневен период и на повисокиот курс на денарот во однос на доларот.