Симовски: Нема попис ако бојкотира опозицијата

0

 

Можниот бојкот на пописот од македонската опозиција, го загрозува реализирањето на процесот кој треба да се случи во април следната година, објави АлсатМ. Директорот на Заводот за статистика, Апостол Симовски, вели дека независно од тоа што оваа институција е подготвена да го реализира пописот, бојкот од еден дел од населението ќе оневозможи негово реализирање.

Симовски изјави дека без Закон за попис, од технички аспект, нема да имаат проблем да го реализираат пописот, но препорачливо е законот да биде донесен. Се уште не се сретнале со претставници на политичките партии, па очекува тоа да се случи следната недела, откако ќе ги завршат консултациите со експертите. Од ВМРО-ДПМНЕ, пратеникот Влатко Ѓорчев, не кажува јасен став дали ќе го бојкотираат пописот, но вели дека на земјава и треба попис со резидентното население.

Од Заводот за статистика соопштија дека вчера успешно и во рамките на дозволениот рок завршил пробниот попис во 32 пописни окрузи кои се наоѓаат во 13 општини избрани во осумте региони на земјата. Директорот Симовски рече дека се опфатени 3 839 згради, 4 572 станови, 3184 семејства и 10 267 лица. 1.400 станови се пронајдени празни, додека 30 лица одбиле да бидат попишани.

Извор Алсат