Министерството за правда на Србија до македонските власти поднесе барање за екстрадиција на поранешниот припадник на ОВК, Томор Морина, баран преку Интерпол, пренесува „Танјуг“. Тој минатата недела е уапсен на граничниот премин Блаце од страна на македонската полиција. Српските власти го бараат поради сомнеж дека сторил воени злосторства против цивилно население на Косово.
Во меѓувреме, адвокатот на Морина, Насер Рауфи, за алсат брифираше дека жалбата со која се бараше ослободување на притворениот Морина е одбиена во петокот и оти веќе е поднесено барање мерката притвор да биде заменета со други мерки на претпазливост, односно да се овозможи Томор Морина да се брани од слобода.