Утрово ограбена експозитура на НЛБ Банка во Сарај, не се знае колку однеле вооружените разбојници

0
196

 

Утрово во експозитурата на НЛБ Банка АД Скопје во општина Сарај се случи грабеж од страна на вооружена група разбојници. Во моментот на случувањата во експозитурата биле присутни вработени и клиенти, при што сите се безбедни и во добра состојба, соопштија од Банката.

Претставници на Банката се во постојан контакт со клиентите и вработените кои биле присутни во филијалата, ставајќи ја нивната безбедност и нивното здравје во преден план.