(Видео)Малолетен затвореник тепан во охридски затвор-омбудсманот го открил тоа што пратениците не го виделе во посета три дена претходно

0
218

Нема доволно пари, нема доволно персонал, нема добра храна и соодветна лекарска грижа, но нема ниту тортура, ова се заклучоците на анкетната собраниска комисија која засилена со невладини претставници извршила визита на три затвори во државата, објави Телма Омбудсманот ги демантираше, им порача дека корупцијата во затворите е раширена, а заменишката Васка Бајрамовска рече дека има тортура но се случува на скришни места, а на затворените им е страв да пријават.

-Не тепаат со бугарска гумена палка, на места каде нема камери или во трпезарија, ова било поплаката на повеќе малолетници, штитеници на охридскиот затвор., која ја упатиле на претставници на омбудсманот. Заменичката народен правобранител Васка Бајрамовска со ова свое тврдење на јавната дебата за состојбата во затворите им реплицираше и ги демантираше членовите на собраниската анкетна комисија за човекови права кои во состав од пратеници и невладини активисти посетиле три македонски затвори и утврдиле дека нема тортура. Интересно е што омбудсманот дознал за инцидентот три дена по посетата на пратениците во охридскиот затвор минатиот јуни. Сега бараат истрага за случајот.

Пратениците утврдиле во своите посети на Идризово и на штипскиот и охридскиот затвор нема тортура, иако Бајрамовска пак вели дека физичките напади се случуваат на места на кои не снимаат затворските камери. Омбудсманот тврди дека иако пратениците не нотирале корупција како проблем, затворската корупција за купување телефон, подобро место, викенд на слобода е широко распространета појава. За другото се сложија, нема доволно пари ниту доволно вработени во затворите, храната е лоша, а затворениците немаат ниту ефикасен лекарск третман.

Најголемиот проблем со финансисите предизвикува и лош процес за образование и превоспитување поради што има многу повратници во затворската популација.