ВИДЕО: 54 годишна жена загина во невремето на Халкидики

0
201

Неколку од омилениите локаци за летување на Македонците во Грција вечерва беа погодени од силно невреме.

Според фотографии и видеа објавени на социјалните мрежи невреме ги погодило Нес Мармара, Пефкохори, Неи Пори, Никити, Калитеа и уште неколку места.

Три лица, наводно, ги загубиле животите во силното невреме што попладнево го погоди Халкидики, објави ЕРТ во централниот дневник. Засега е потврдена веста за смртта на 54 годишна жена која загинала откако врз неа паднал покривот кој се урнал.