СКАНДАЛ: Полицајци на Ќафасан земале пари од патници од Албанија (ВИДЕО)

0
149

Гранична полиција на преминот Ќафасан им зема пари на патниците од Албанија, обелоденува „Алсат“ телевизија.

-Ова се случувало подолг период и според нашите информации цел најчесто се патници од Албанија кои доаѓаат на сезонска работа во земјава. Случајот е пријавен во полиција, а на социјалните мрежи се објавени видеоснимки на кои се гледа земањето пари – по 10 евра од секој сезонски работник. Внатрешна контрола на МВР отворила истрага за тројца полицајци со иницијали А.В, А.З и Ш.М., објави Алсат.

Видеото објавено од JOQ Albania, погледнете го во продолжение