Мерко добил закана, ќе се откажува од градоначалничките ингеренции

0
156

 

Струшкиот градоначалник Рамиз Мерко вчера пријавил во полиција дека добил вербална закана по живот

По овој настан, денеска, градоначалникот на Општина Струга, Рамиз Мерко, писмено го информирал премиерот Заев дека се откажува од ингеренциите во сферата на урбанизамот, издавање дозволи, како и од спроведување на препораките на УНЕСКО,

„Јас како градоначалник на Општина Струга имајќи ги во предвид и последните политички случувања и политичката состојба во државата одлучив да ви ги отстапам ингеренциите во областа на урбанизамот, во делот на издавање на дозволи за градба, во делот на легализација на објектите во делот на издавање на концесии како и во делот на спроведување на забелешките од страна на УНЕСКО.-  пишува Мерко во писмото.