(ВИДЕО) „Локални шерифи“, епизода прва: Нефи Усеини – човекот со кривични дела, а без затворски казни

0
52

Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ) го започна серијалот „Локални шерифи“ со добро познатиот, или подобро речено – озлогласениот советник на Општина Охрид од редовите на ДУИ – Нефи Усеини.

Како што вели Сашка Цветковска, автор на проектот, серијалот има за цел, преку истражување на локалните проблеми, да ги покаже апсурдите на кои е сведен системот, кој од независноста до денес почива на широко распространета и длабоко пенетрирана корупција.

Таква е и приказната за Нефи Усеини – не портретира само еден обичен злосторник, туку и гнилиот систем изграден на начин што го направи прифатливо бруталното кршење на законите, пишува „ИРЛ“. Нефи Усеини не е обичен човек. Тој може да прави кривични дела (меѓу кои и долга низа тешки кражби) без да ги издржи затворските казни. Може да учествува во борби со кучиња и видеата од нив да ги објавува на социјалните мрежи без да се плаши дека ќе го побара полиција.

Во однесувањето на Нефи судската, извршната и законодавната власт не гледаат проблем, исто како и партии, пратеници, советници и градоначалници од оваа, но и претходните владејачки структури. Со нивна помош тој останува над законот. Деловни односи, освен со Исламската верска заедница (ИВЗ), Усеини има дури и со турската влада. Во Охрид тој е советник и има моќ да одлучува за најголемото културно и природно богатсво, се вели во најавата. „Биографскиот филм“ за Усеини задолжително погледнете го ТУКА.