Премиерот на Косово Рамуш Харадинај е виден во јуни оваа година за забава во општија Дечани на која се пукало со огнено оружје.
Како што пишува порталот Лајми.нет покрај Харадинај и неговиот брат Даут Харадинај исто така пукал на прославата.
Ова се случило на 16. јуни оваа година.
Неименуваниот избор на приштинскиот портал рекол дека за време на прославата биле испукани над илјада куршуми и дека оружјето кое се користело било од нелегално потекло.
Порталот Лајми.нет пренесува дека Харадинај немал оружје на појасот, но наводно земал револвер од луѓето кои биле на прославата и запукал.
На снимката на порталот Лајми.нет се гледа како една личност пука од автоматска пушка АК47 и наводно никој од лицата кои пукале не е приведен.
-Традицијата за пукање кај Албанците постои откако паметам за себе. Има овде луѓе кои не присуствувале на вакви ситуации. Целосно се согласувам дека тоа не е во склад со законот. Сите знаеме како е за Нова Година или кога има свадби. Се согласувам дека интерелација треба да биде порака и напомена да се постават критериуми за во иднини – рекол Харадинај во приштинското Собрание во 2018 година.
https://youtu.be/JXyr1-GehCo?t=37