Во Бихаќ тепачка меѓу мигранти, користеле секири и летви

0
118

 

Во Бихаќ во Босна и Херцеговина дошло до судир меѓу мигранти, а локалното население спречило ситуацијата да ескалира и да дојде до трагедија.

Според очевидци, благодарение на навремената интервенција на селаните, синоќа била спречена трагедија кај стадионот на ФК „Јединство“ во Бихаќ, пренесуваат медиуми од БиХ.

Кантонското Министерство за внатрешни работи потврди дека се случил инцидент во населбата Лука во кој едно лице се здобило со полесни повреди.

Во тепачката меѓу мигрантите биле користени секири и летви, а жителите на населбата Лука успеале да го прекинат насилниот судир.

Вчера се случил уште еден конфликт меѓу мигранти во Бихаќ, по што полицијата нашла едно лице со сериозни телесни повреди.