ВМРО-ДПМНЕ: Во Македонија има антракс, власта крие

0
122

 

Во Македонија се појавила опасната заразна болест антракс, а власта крие, обвинуваат од ВМРO-ДПМНЕ.

Од партијата објавија дека имаат сознанија дека пред две недели било донесена заразена овца од западна Македонија во Ветеринарниот факултет во Скопје.

Со испитување е потврдена дијагнозата, а поради тоа 30 вработени од Факултет веднаш биле однесени на Инфективна клиника за превентивна терапија.

Од опозициската партија прашуваат дали се преземени сите превентивни мерки за вакцинација на населнието и локализирање на болеста кај животните која лесно се пренесува на луѓе.