22 часа долниот дел на Тетово остана без електрична енергија. Струја снема вчера околу 16 часот.Причина беше изгорен кабел во близина на трафостаницата Тетово 1 кај тетовската населба блок 70.
Струја немаше од потегот на мостот кај река Пена кај Еколог се до тетовската касарна.
Дефектот беше остранет денеска околу 14 часот, по што сите објекти добија електрична енергија
Голем број на семејства и стопански објекти на големи горештини беа парализирани.
-Без струја е тешко се расипува храната не можеш да се избањаш за децата е тешко топло, рече една жителка на Тетово
Од ЕВН допрва ќе утврдуваат кои се причините за настанатиот дефект.
Пред неколку години поради преоптовареност на мрежата, во повеќе наврати Тетово во зимскиот период немашe струја повеќе од 24 часа.