Локализиран пожарот кај велешко кој предизвика големи штети

Локализиран е пожарот кој повеќе од осум часа му се закануваше на Велес.  До пепел е изгорена голема површина со борова шума и сува трева, а материјалната штета е огромна и допрва ќе треба да се прави проценка. Изгореа и неколку викенд куќи.

Околината на излетиштето езеро „Младост“ е пеплосана.  Во гаснењето на пожарот учествуваа пожарникари од Велес, Кавадарци, Неготино, Штип, Свети Николе и Скопје, како и два ер трактори на (ДЗС) и еден армиски хеликоптер. Исто така на помош биле дојдени и околу 150 вработени од ЈП Македонски шуми и стотина вработени од велешкото јавно комунално претпријатие „Дервен“ со цистерни и припадници на АРМ.