МАЛИ ДЕЦА ЗАБОРАВЕНИ ВО АВТОМОБИЛ ВО АЕРОДРОМ

0
144

Две деца синоќа околу 22 часот се најдени оставени сами во автомобил на паркинг во скопската населба Ново Лисиче. Полицијата по реакција на граѓани ги извадила од возилото и тие биле однесени во Клиничкиот центар во Скопје.

– На 28 август околу 21,50 во СВР Скопје било пријавено дека на паркинг простор на булевар „Видое Смилевски Бато“ во паркирано патничко моторно возило „алфа“ со скопски регистарски ознаки се наоѓале две деца кои биле заклучени. Од страна на полициските службеници веднаш е интервенирано и децата се извадени од возилото и со возило на итна медицинска помош се пренесени во комплексот клиники „Мајка Тереза’“, информираат од МВР.

По преземени мерки од полициските службеници ги пронашле Т.Т.(44) и М.Н.(35), родители на децата. За случајот полицијата го известила јавниот обвинител и се работи на расчистување на случајот.