Пожар во Општина Чашка, гори багремова шума

0
50

Шумски пожар избувна денеска околу 13 часот во близина на селото Ораовец, во Општина Чашка. Како што изјави за МИА командирот на Територијалната противпожарна единица од Велес Љупчо Лепидовски, од огнената стихија зафатена е површина од над 60 хектари. Гори багремова шума, нискостеблести растенија и трева. Пожарот оди високо по крошните на дрвјата.

– Во гаснењето на пожарот учествуваат 40 луѓе од противпожарните бригади на Велес и Чашка, вработени во ШС Бабуна и ЈКП Дервен од Велес и Чашка со две цистерни и луѓе. Претходно во гасењето на пожарот беа вклучени и хеликоптери од Армијата, но поради слабата видливост во текот на ноќта, тие се повлекоа, изјави за МИА Лепидовски.