АНТИКОРУПЦИСКА: КРИВИЧНА ЗА БЕЏЕТИ ЗА ПЛАТФОРМАТА НА МАТКА

0
135

Антикорупциската комисија бара од обвинителството да отвори истрага против градоначалникот на Сарај, ексминистерот за правда Блерим Беџети, зашто не постапил по барањата за легализација на дивите платформи на Матка.

Тие, како времени објекти никако не можеле да бидат легализирани, но градоначалникот не решавал за нив, па со тоа дозволил на дивоградбите сопствениците тераат угостителски бизнис. Комисијата на денешната седница побара од Владата да и ги одзеде градежните овластувања на општина Сарај.

Антикорупциската комисија ќе го испитува имотот на разрешениот директор на МЕПСО, Сашо Василевски, кој купил стан од осомничен во случајот „Поштенска банка“ на СЈО три дена пред Катица Јанева да даде налог за замрзнување на имот.

Освен на Василевски атикорупционерите ќе ја истражуваат имотната состојба и на Коле Штериев, претседател на Советот на јавни обвинители и Баки Алили, претседател на Основниот суд во Кичево.

На јавна седница антикорупционерите потсетија и дека по сопствена иницијатива отвориле предмети за можна корупција при јавни набавки и под лупа се генералниот секретар на Владата Рашковски, набавките во М-НАВ, дивоградбите во Охрид и советникот Нефи Усеини.

извор 24 вести