Најновите спроведени анкети на барања на дел од медиуми, покажуваат дека претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски е политичар кој има најголем раст на рејтингот кај граѓаните.
Резултатите покажуваат дека Зоран Заев е политичар со најголема доверба, но со пад на рејтингот. Мицкоски пак е политичар кој за една година има значителен раст на довербата кај граѓаните.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ минатата година имаше рејтинг од 2,9 проценти според анкетите. Една година подоцна тој ужива доверба кај народот од 12,1 процент.
Бројките покажуваат дека довербата во Заев кај граѓаните опаѓа. Од минатогодишните 24,1 процент, сега доверба во Заев имаат 14,5 проценти од граѓаните.
Последните анкети спроведени на барање на порталот МКД.мк и емисијата Детектор покажуваат водство на ВМРО-ДПМНЕ пред СДСМ. Доколку утре/идната недела се одржат парламентарни избори најголем дел од граѓаните својот глас ќе го дадат за ВМРО-ДПМНЕ.
Ваквите резултати се само потврда дека СДСМ и Зоран Заев не ги исполнија очекувањата на граѓаните и дадените ветувања. Бројките ја потврдуваат разочараноста кај луѓето во политиките спроведени од актуелната власт кои јасно ставаат до знаење дека сакаат промена.