Бојкот на настава во тетовско Ново Село

0
69

Наместо училиште веќе трета година на 180 ученици од тетовско Ново Село надлежните им ги нудат овие импровизирани објекти за држење на настава. За оваа учебна година им биле ветено дека реконструкцијата на училиштетото ќе биде завршена и тука ќе продолжат со образовниот процес.

Училиштето денеска е затворено. Внатре треба да за завршат одредени градежни активности, па да се пушти во употреба. Родителите и наставниците преку протест во училишниот двор го искажаа револтот од празните ветувања. Заеднички став е дека децата ќе почнат да следат настава само во училиште а не во стари бараки како досега.

Директорот на училиштето вели дека градбата се одвивала добро, но пред почетокот на учебната година запрела.

Министерот за образование Арбер Адеми, се надева дека овој месец ќе се пушти во употреба училиштето. Вели дека допрва ќе го разгледа целиот случај и ако има пропусти во изградбата некој ќе треба да одговара.

Училиштето во Ново Село изгоре во пожар пред две ипол години По локализирање на истиот надлежните ветија дека за една година децата ќе добијат ново училиште.