Доста е” – Филипче ќе присуствува на протестот на лекарите

0
161

Доста е! Стоп за насилството врз медицинарите – ова е мотото под кое здравствените работници в среда ќе протестираат на хелиодромот на Клиничкиот центар „Мајка Тереза” во Скопје, а на протестот ќе се приклучи и министерот за здравство, Венко Филипче.

– „Преземавме низа мерки. Имавме средба во Министерството за внатрешни работи, ќе ангажираме професионално обезбедување и патролна служба од полицијата околу старата градска болница“, вели Филипче по последниот инцидент, пренесе МКД.МК.

Од Асоцијацијата сметаат дека обезбедување нема да го реши проблемот бидејќи постојано се под закани и трпат напади. Свое присуство најавија и од Здружението на медицински сестри и акушерки, а поддршка пристигна и од Здружението на лекари Албанци.