„Макканабис” апелира до Владата да се дозволи извоз на цвет од канабис

0
140

Да се дозволи извоз на цвет од канабис, да не се бара банкарската гаранција од милион евра, одгледувачите да не се обврзуваат да уплатат 10 отсто од годишната добивка на посебна сметка, фирмата да нема обврска да вработи минимум 15 лица, да се изготви посебен закон за канабис, се дел од забелешките на здружението Макканабис во однос на Предлог- Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции.

-Не можеме да направиме никаков извоз во земјите од ЕУ поради немање на euGMP сертификат. А за да го добиеме потребна ни е регистрација на производот во МАЛМЕД. Значи не станува збор за краен производ – шишенце од 10мл, туку големи извозни пакувања од 1 литар кој аптеките во ЕУ понатаму ќе го продаваат како генерички лек. Без Владата да даде прецизни насоки на МАЛМЕД и на Царинската управа, пак ќе остане само напишано на хартија дека може извоз, а дефакто „не” – вели претседателот на здружението, Костадин Дуковски.