Полицијата го расчисти убиството во Гостивар, двајцата повредени се борат за живот

0
127

СВР Тетово- НККР Гостивар до ОЈО Гостивар поднесе кривична пријава против Ѓ.Д. (46) од Гостивар поради основи на сомнение за сторени кривични дела „убиство“ и „убиство во обид“, казниви по член 123 ст.1 и член 123 вв член 19 од КЗ на РСМ. Пријавениот е лишен од слобода на 01.09.2019 во 5.40 часот по преземени мерки и активности од полициски службеници од ПС Гостивар.

Инаку лекарите сѐ уште се борат за животот на двајцата сопружници од Гостивар, хоспитализирани на скопските клиники, на чии тела има повеќе убодни рани од нож, дознава Алсат од роднини на повредените.