Рама: Давањето датум за Македонија и Албанија ќе биде најпаметната одлука на ЕУ

Отворањето на преговорите за Албанија и за Македонија ќе биде најпаметна одлука на ЕУ, порачал албанскиот премиер Еди Рама од говорницата на Генералното собрание на Обединетите нации.

Давањето позитивен одговор на Албанија и Северна Македонија на 18 октомври за нивната амбиција да започнат преговори за членство, нема да биде обична награда заснована врз нивните заслуги, туку стратегиски ќе биде најпамената одлука што ЕУ би ја донесела,оценил Рама.

Посочил дека регионалната стабилност, безбедноста, напредокот и демократијата во регионот може да се гарантираат единствено од европската перспектива.