Софија од Гоце Делчев ќе прави услов за ЕУ?

0
152

Историјата и нејзиното толкување повторно се испречуваат пред бугарско-македонските односи. Бугарскиот претседател Румен Радев за утре закажа консултации со водечките државни функционери на тема односите со С. Македонија. Бугарските политичари веќе неколку месеци остро реагираат на неуспехот на мешовитата заедничка историска комисија да постигне компромис за историската улога на Гоце Делчев и неговото етничко потекло. Состојбата ескалира и со вечерашната закана на лидерот на владејачкото ВМРО и министер за одбрана, Красимир Каракачанов дека ќе ја напушти владата доколку таа и даде зелено светло на С. Македонија да ги започне преговорите за членство во ЕУ.
Во поканата од претседателот Радев се наведува дека на средбата треба да се разговара за билатералните односи меѓу двете земји, во контекст на резултатите од работата на Заедничката експертска комисија за историски и едукативни прашања.
Официјална Софија веќе неколку месеци се заканува дека ќе го блокира почетокот на преговорите и врши притисок заедничката Комисија побрзо да носи одлуки за историски личности.