Силен земјотрес во Пакистан има загинати

0
175

Најмалку 2 лица загинаа, повеќе од 300 се повредени, а уништени се повеќе објекти во земјотресот со јачина од 5,8 стешени според Рихтерова скала, кој вчера го погоди северот на Пакистан, соопштиле владините и полициските претставници.

Фотографиите и видео снимките од локалните медиуми покажуваат десетина срушени згради и куќи, пукнатини на патиштата доволно големи да проголтаат автомобили во местото Мирпур, градот на пакистанската страна од Кашмир, пренесуваат агенциите.

Епицентарот на земјотресот бил 23 километри северно од Џелам, околу 120 километри од престолнината Исламбада на релативно мала длабочина од 10 километри, соопшти американскиот Геолошки завод.

Во загрозените подрачја испратени се војници од воздухопловните и медицинските тимови за поддршка, шатори и кујнска опрема.