Силно невреме во Албанија

0
191
Силно невреме проследено со обилен дожд, силен ветер и  грмежи синоќа ја зафати Тирана и повеќе градови во централниот и северниот дел на Албанија.

Врнежите биле проследени со молњи и силни ветрови. Според мерењата на ВМС, за 10 минути имало 290 молњи. Според оваа Служба, ситуацијата ќе биде ваква најмалку до денеска попладне. ВМС соопшти дека повеќе врнежи од дожд имало во Тирана, Елбасан и Лежа,Круја, Драч, каде улиците наликувале на реки, а во Тирана имало и паднати дрва.

Градоначалникот Ерион Велиај упати апел до граѓаните на Тирана да не излегуваат без некоја поголема потреба за да може побрзо да го расчистат градот.

Поради одрони од камен и дрва во прекин е сообраќајот на патниот правец Решен-Букмир. Делови од Драч останаа неколку часа без електрична енергија. Дефектот е саниран околу 23 часот.

Ова е уште една природна непогода во Албанија по силниот земјотрес што ја погоди во саботата. Невремето дополнително ја отежнува состојбата.