Стевчо Јакимовски ослободен од куќен притвор

0
47

Поранешниот градоначалник на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, излезе од куќен притвор во кој беше седум месеци, откако судија на претходна постапка минатата недела му ја укина мерката и му одреди мерка на претпазливост.

“Надлежен јавен обвинител до судија на претходна постапка достави предлог за укинување на мерката куќен притвор и определување мерки за претпазливост, судијата го прифати предлогот и го укина куќниот притвор“, велат од судот, а пренесе “Фокус“.

На Јакимовски мерката куќен притвор му беше одредена во март годинава, кога заедно со уште четири лица беше осомничен за злоупотреба на службена положба и овластување при постапување по барања за утврдување на правен статус на објекти лоцирани на улицата “Илинденска“.