Тунберг: Светските лидери не изневерија за климатските промени

0
79

Во три-минутните говори, 16-годишната климатска активистка Грета Тунберг, во емотивниот говор, остро ги предупреди  светските лидери, повторувајќи ги зборовите: Како се осмелувате?

Сето ова е многу погрешно. Јас не би требало да сум тука. Треба да сум во училиште на другата страна од океанот. Но, вие ни се обраќате нас, на младите луѓе барајќи надеж. Како се осмелувате? Ми ги украдовте соништата во детството со вашите празни зборови. Сепак, јас сум една од среќните. Луѓето страдаат. Луѓето умираат и цели екосистеми колабираат. Ние сме на почетокот на масовното истребување. А вие само зборувате за пари и за бајките за вечниот економски раст. Како се осмелувате?” – предупреди Тунберг.

Тунберг оцени дека дури и најострите ограничувања на емисиите на јаглерод диоксид во атмосферата за кои се зборува во ОН, на светот му даваат само 50%-на шанса за ограничување на идното затоплување на 0,4 степени, што е глобалната цел.

Нема да ви дозволиме да се извлечете, ги предупреди Тунберг лидерите.

Повеќе од 60 светски лидери ќе се обратат на самитот за климатските промени а генералниот секретар на светската организација, Антонио Гутереш, порача дека времето за преговори завршува и неопходни се итни постапки за спречување на последиците од глобалното затоплување

Извор Телма