Фудбалски спектакл во Хамбург: Холандија со камата се освети на Германија

0
182
Фото: barcablaugranes.com

Холандија го доби фудбалското дерби на вечерта во квалификациите за Европското првенство во 2020 година. „Лалињата“ во Хамбург ја совладаа Германија со 4:2 во групата Ц и се доближија на минус од „маншафтот“ на Јоаким Лев.

Сите четири гола за гостинската репрезентација беа постигнати во второто полувреме. Де Јонг погоди во 59. минута, Тах во 66. минута, Мален во 79. минута и Вајналдум во првата од судиското продолжение го продуцираа вториот триумф на Холанѓаните во циклусот. Гнабри во 9. минута и Крос во 73. минута „стрелаа“ за германскиот тим.

Русија со пресврт во второто полувреме славеше на гостувањето кај Шкотска со 2:1 додека Белгија рутински го одработи Сан Марино со 4:0.

Мало изненадување во групата Г во која се натпреварува и македонската селекција приреди Словенија чии фудбалери на стадионот „Стожице“ во Љубљана ја поразија Полска со 2:0. Струна во 35. минута и Шпорар во 65. минута се погрижија за втора победа на „змајчеки“ со која се враќаат во игра за втората позиција на табелата. Австрија, очекувано, славеше на домашен терен над Летонија со 6:0.

Квалификации за ЕП 2020

Група Ц

Германија – Холандија 2:4

Естонија – Белорусија 1:2

Табела: С. Ирска 12, Германија 9, Холандија 6, Белорусија 3, Естонија 0.

Група Е

Словачка – Хрватска 0:4

Велс – Азербејџан 2:1

Табела: Унгарија 9, Хрватска 9, Велс 6, Словачка 6, Азербејџан 0.

Група Г

Словенија – Полска 2:0

Австрија – Летонија 6:0

Табела: Полска 12, Австрија 9, Словенија 8, Израел 8, Македонија 5, Летонија 0.

Група И

Шкотска – Русија 1:2

Сан Марино – Белгија 0:4

Кипар – Казахстан 1:1

Табела: Белгија 15, Русија 12, Казахстан 7, Шкотска 6, Кипар 4, Сан Марино 0.