Заев: Истрагата за „Рекет” води до Мицкоски

0
142

На денешната прес конференција по лидерската средба, премиерот Зоран Заев одговори на обвинувањата на Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ дека не можеле да се договорат затоа што тој стравувал од случајот „Рекет“.

-Секој пат стојам принципиелно зад системи, организации и создадени вредности во државава. Не е важен ниту еден поединец. Вилма Рускоска води сериозни предмети, за настаните на 27 април и за Рекет, а веројатно и многу други. Немојте да дозволите затоа што им паднало на памет на Заев и Мицкоски да го смените обвинителот што води вака актуелни случаи на десет месеци од мандатот што трае четири години. Не можете да испратите порака дека Заев или Мицкоски се плашат предметот да не стигне до нив. Истрагата треба да тера до крај, рече Заев на новинарско прашање.

Вели ако опозицијата сака да предложи обвинител тоа е во ред, на крајот зборот го има Собранието.

-Лично мислам дека предметот Рекет води кај Мицкоски, но тоа е мое лично мислење, истрагата ќе покаже каде води предметот, вели Заев, пренесе 1ТВ.

За потсетување, средбата која траеше 7 часа заврши без договор.