Лога: Алијансата поддржува отворени листи, но не и една изборна единица

0
143
Претставникот на Алијансата на Албанците, Кренар Лога истакна дека партијата поддржува отворени листи, но не и една изборна единица.

„Ние сме против една изборна единица. Треба да има најмалку 8, а може и 10 изборни единици. Според Законот за територијална поделба од 2009 година, треба , што е и наша заложба, да имаме пропорционална застапеност.“, вели Лога на конференцијата за изборни реформи која ја организира ЦИВИЛ. 

Алијансата за Албанците, нагласи Лога, е отворена за дискусија за сите изборни модели и смета дека сегашниот модел е неодржлив.

„Сметаме дека не се реало застапени сите единици. Другите интервенции во Изборниот законик, кога прагот од 3 отсто е зголемен на 5 отсто, само ја зголемуваат диспропорцијата“, истакна тој.

Проблем со сегашниот избирачки систем, според Лога, е и гласањето на дијаспората, чии изборни единици биле фијаско. Добиле четвртина од финансиите, а не донеле никаква полза.

„Не е вистина дека системот со една изборна единица и со локалната самоуправа создава локално претставување, затоа што локалната самоуправа нема надлежности, на пример, врз земјоделското земјиште или шумата. “, смета Лога.