Нов напад на медицинско лице

0
164

Во поликлиника Драчево синоќа била нападната медицинска сестра, соопшти МВР.

На 06.09.2019 околу 20,50 часот во СВР Скопје било пријавено дека во поликлиника Драчево Ј.Г.(41) физички ја нападнал М.Л.(60), медицинска сестра. Против Ј.Г по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, се вели во соопштението на МВР.

Унијата на ЗМСТАС најостро го осуди нападот на медицинската сестра додавајќи дека ова не е прв пат да се случуваат вакви немили настани.

Недопустливо е да се дозволи сестринската фела да биде изложена на нехуманост. Апелираме до надлежните, особено до Министерството за здравство да ги превземат сите потребни активности за разрешување на случајот, но и пронаоѓање соодветно решение да не се повторуваат истите дејствија, реагираат од извршниот одбор на Унијата предводена од ЗМСТАС – ЗА НАС.