Граѓаните и утре ќе можат да подигнат лични документи, информираат од МВР

0
60

Како што објаснија од ДИК, гласачот ќе добие две гласачки ливчиња доколку се одлучи да гласа за двата вида избори или едно гласачко ливче за изборите за кои се одлучил да гласа
Утре, на денот на двојните претседателски и парламентарни избори, граѓаните ќе можат да ги подигнат своите лични документи од 8 до 19 часот, информираат од Министерството за внатрешни работи.

„Од 8 до 19 часот утре ќе работи Одделот за граѓански работи односно сите отсеци за управни работи на оваа организациска единица при Министерството за внатрешни работи. Исто така, ги известуваме граѓаните дека сите барања за лични карти кои се поднесени до 3 мај 2024 година, се веќе изготвени и граѓаните може да ги подигнат“,

информираат од МВР.

360°.mk