Сертификати за лица со попреченост што завршија обука за угостителски вештини

0
150

Сертификати за успешно завршена обука за угостителски вештини денеска ќе им бидат врачени на лица со попреченост што во изминатиот период успешно ја завршија обуката што ја спроведе Мастер Протекшн ДООЕЛ (Ресторан Амбрела) со поддршка на проектот Образование за вработување (E4E@мк) во соработка со Агенцијата за вработување.

Сертификатите ќе им ги додели сопственикот на Амбрела Марјан Петров, а ќе присуствуваат директорката на Агенцијата за вработување Билјана Јовановска, и заменик-амбасадорот на Швајцарската Конфедерација, Штефан Томагиан.

Проектот Образование за вработување во Северна Македонија (E4E@mk) е поддржан од Швајцарската агенција за развој и соработка, а се имплементира од страна на ХЕЛВЕТАС Северна Македонија, Македонскиот центар за граѓанско образование и Стопанската комора на Македонија. Главната цел на проектот е да придонесе кон подостоинствено вработување на младите (15 – 29 години), вклучително и на ранливите групи, на социјално-инклузивен и одржлив начин.