Адвокатите на Мијалков бараат запирање на „Тортура“

0
112

Адвокатите на Мијалков обвинет за случајот „Тортура“ побараа запирање на кривичната постапка против него и шестмината припадници на алфите обвинети за нечовечкото апсење на Љубе Бошковски пред 8 години. Според одбраната, веќе поранешните обвинители во СЈО не се надлежни да го застапуваат предметот зашто сѐ уште во сила е законот за СЈО.

Судењето почна одново, а поранешните специјални обвинители на Судот му посочија дека имаат решенија од државниот обвинител Љубомир Јовески да го застапуваат предметот откако тој прејде во редовното обвинителство. Судот дополнително треба да донесе одлука дали ќе го прифати барањето на одбраната.