Ахмети – последната одлука што ја презема Европската унија не би ја квалификувал како неуспех или очај

0
151

Лидерот на Демократската Унија за Интеграција Али Ахмети денеска при изборот на новото раководство на партијата во Желино, истакна треба да бидеме горди за секој наш член и да продолжиме понатаму кон нашата мисија.

“Нашата програма и мисија е да им помагаме и бидеме во пресрет на сите граѓаните на Република Северна Македонија , без разлика на кој заедница тие припаѓаат, рече Ахмети

Ахмети исто така додаде дека последната одлука што ја презема Европската унија не би ја квалификувал како неуспех или очај, затоа што и НАТО и ЕУ се изградени врз принципите на консензуалноста.

“Сите се согласија дека тоа се е договорено и дека треба да ги отвориме преговорите, но ние не сме тие што одлучуваме и ставаме вето во ЕУ, така Франција која не се согласи да даде зелено светло, поднесе една програма, опција што се обидува да ја инсталир и да ги промени политиките на ЕУ за земјите што сакаат да се придружи или отварат преговори. Останува задача на Унија да дискутира за новата филозофиа која ја пружи ова земја членка ”, рече Ахмети.

Ахмети исто така рече дека не треба да очајуваме од никого, туку овој момент да биде момент на организација и да бидеме поуспешни кон реформите кој ги имаме почнати.

Лидерот на Демократската Унија за Интеграција Али Ахмети гарантираше дека ке бидеме дел од НАТО и ЕУ и не траба од оваа ситуација да се разочараме.

Факт е дека има очај од претставници на нашата земја дури се размислија за оставка. Но зошто да ја прифатиме вината кој ние не ја имаме направено. Имаше и канцелари од цела Европа кои истакнаа дека грешката е во нив затоа што како ние така  и Албанија ги исполнија  сите барања на ЕУ.
Ахмети рече дека најдобра опција за нив се изборите кој ке бидат до пролет .