„Белата ноќ“ со носталгични чувства, извонреден визуелен преформанс и многу забава

0
59

Носталгично е чуството по кое ќе се памети 15-тото јубилејно издание на Белата ноќ.

Во мноштвото на настани кои беа понудени на Скопјани во рамките на вчерашната долга ноќ, граѓаните особено се израдуваа на можноста повторно да и се доближат на Универзалната сала, објект во кои од 1966 па се до 2015 се случуваа најзначајните културно забавни настани во градот. Кога не можеме внатре, можеме пред неа, суптилно и со носталгија во очите и музичките звезди кои своите најголеми хитови ги создадоа во рамки на Скопскиот Фестивал, токму во Универзалната сала, се собраа да и дадат една носталгична нота на оваа ноќ, но и да заедно се присетат на најголемите музички хитови од Скоспкиот фестивал, во придружба на Биг бендот.

Освен концертот 50 години Скопски, вчеравечер па се до раните утриски часови ,граѓаните уживаа и во многу други настани, концерти, изложби, кино проекции и театарски претстави.

Посетителите на Белата ноќ имаа можност да уживаат и во најголемото 3д мапирање на фасадна површина досега, фасадата на гаражата 26 јули беше осветлена со светлосна јачина од 80,000 анси лумени, визуелен перформанс „Соларно во Скопје“ на французите Милош Лисински и Џереми Ури.

Белата ноќ несомнено е најголемата градска културно уметничка манифестација, и оваа ноќ со масовната посетеност на граѓаните, како на културните настани така и на забавите во кафулињата до раните утрински часови, покажаа дека скопјани секогаш се расположени за убави настани, но и дека сеуште живеат со спомените за универзална сала и хитовите на Скопскиот фестивал.