Александар Николоски: Слушнавме добри концепти и идеи што ќе бидат преточени во новата програма на ВМРО-ДПМНЕ

0
127

Александар Николоски, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ денеска во Општина Илинден се сретна со граѓаните реализирајќи го проектот за разговор со граѓаните за обнова на Македонија. Во својата изјава тој истакна:

Денес во рамките на проектот за разговор со граѓаните во делот на обнова на Македонија сме во Општина Илинден. Тука разговаравме со граѓаните за сите оние предлози и идеи кои ги имаат за новата програма која ја подготвува ВМРО-ДПМНЕ. Првпат една политичка партија подговтвува програма која што е интерактивна односно во која бараме граѓаните да ни кажат што за нив е најбитно да има во таа програма и истото да го преточиме во реалност. Слушнавме добри концепти добри идеи и истите ќе бидат преточени во оваа програма.
Ова со што се соочуваме и што е реалност е дека за жал имаме 3 годишно назадување тоа назадување е очигледно имаме ситуација во која што корупцијата цвета економијата тоне односно имаме корупција на секој чекор имаме рекет имаме торби полни со пари а во исто време имаме уназадување на економијата и имаме масовно напуштање на Република Македонија од страна на сите кој што можат да го направат тоа.
Тоа мора да запре и мора да застане и затоа брзи предвремени избори се потребни на кои ќе дојде до промена на Владата и една нова и способна влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ и тимот кој што го има да ја донесе промената во Македонија да се подобрат економските услови да се вратат инвеститорите да дојдат нови а во исто време да се воведе ред право и правдина. Она за што зборувавме е тоа дека Општината Илинден е една од ретките во Македонија каде што економски во моментов се напредува и за тоа би сакал да честитам и на Градоначалникот и на советот кој што ја водат одлично општината и создаваат прекрасни услови за инвестирање.
Тука имаме една економска зона во која што скоро и да нема слободна парцела. Имаме економска зона во која што работат десетици илјади луѓе не само од Општина Илинден туку и од Скопје и од Куманово и од целиот овој регион на Македонија и ова е пример што треба да се следи но и да е подржан од владата и затоа очекуваме многу посилна поддршка за Општина Илинден после следните парламентарни избори. Во исто време гледаме дека нема интерес од оваа влада за подобрување на економијата. Се сеќавате дека некаде во месец Јануари, Зоран Заев лично излезе и на прес конференција и кажа дека Фоксваген, големата компанија з производство на автомобили, е пред одлука за инвестирање во Македонија. Тогаш дури и го злоупотреби името на канцеларката Ангела Меркел, ан нејзиниот советник за надворешна политика Хејкер.
Пред неколку дена, Фоклсваген јавно објави дека ќе инвестира во Турција. Фантастични една милиарда и 400 милиони долари, кои што ќе отворат пет илјади директни работни места и уште десет илјади индиректни работни места, и ќе произведуваат 300 илјади автомобили годишно, што сериозно ќе го зголеми Бруто домашниот производ на Турција.
Во истата објава кажаа дека во финална фаза за избор биле земени Србија, Романија, Бугарија и северна Африка.
Значи воопшто Македонија не ни влегла во финален избор за инвестиција на Фолксваген, а како ли Фолксваген да е пред финална одлука како што излажа Заев во Јануари месец оваа година, што само покажува на кое ниво ја водат политиката и како го лажат македонскиот народ.
Но на лагата и се кратки нозете и тоа го видовме деновиве. А Фолксваген не инвестира во Македонија затоа што не сакаат да инвестираат во држава во која што цвета корупцијата и во која што ќе имаат десетици административни и коруптивни бариери.
Во исто време, би сакал да споделам со јавноста дека три големи инвестиции кои што веќе се присутни во Република Македонија, донесени во време на претходната Влада на ВМРО-ДПМНЕ, иако во своите бизнис планови имаа отворање на втори и трети фабрики во Македонија, решија да го направат тоа во Србија. Затоа што се незадоволни од со оваа Влада и од бизнис климата во Македонија.
Тоа значи губење на преку две илјади нови работни места во Македонија и две илјади нови работни места за Србија.
Тое е тажната реалност во која што живееме денес, во која што цвета корупцијата и заради која што се потребни брзи предвремени избори. Затоа денес бевме во Илинден, поразговаравме со граѓаните, а во исто време да видиме и еден добар пример кој што треба да го прошириме насекаде каде што можеме во Македонија, рече Николоски.