Богоевски: Се надевам дека истрагата ќе ги идентификува политичарите кои можеби се инволвирани во „Рекет“

0
62

Поранешниот пратеник Павле Богоевски во емисијата „Детектор“ на „Сител“ ТВ изјави дека „Рекет“ е најголемата афера во последните неколку години и дека не оди во прилог на зголемување на довербата на граѓаните во институциите.

Богоевски смета дека случајот во делот за противправното влијание е чист и дека тоа е заокружено.

Според него, треба дополнително да се истражат сомневањата за перење пари и наводните измами со изградба на старечки домови. Сепак, вели дека е оптимист.

„Во овој момент јас немам причина да се сомневам дека се бараат сторителите. Истрагите за перење пари и истрагите на поголеми организирани криминални групи по својата природа траат подолго. Иако ја разбирам скепсата која што ја имаат граѓаните, во овој момент јас сакам да бидам оптимист и да верувам дека овие истраги ќе вродат со конкретен плод и ќе ги идентификуваат конкретните политичари и функционери кои што можеби биле инволвирани во таа криминална група“, вели Богоевски за „Детектор“.