Боки 13 останува во притвор

0
43

Бојан Јовановски познат како Боки 13 останува во притвор, одлучи Апелациониот суд. Судиите ја отфрлија жалбата на адвокатот Сашо Дуковски со која бараше на Боки 13 да му биде одредена алтернативна мерка за обезбедување на присуство.

Судот смета дека се уште постои можност Боки 13 да избега и да биде недостапен за органите на прогон, како и да го повтори делото кое му се става на товар во случајот „Рекет“.

Боки 13 бараше да биде пуштен од притвор поради неговата здравствена состојба и неможноста истата да се третира во затворот. Адвокатот Дуковски пак, ги убедуваше судиите дека одлуката за продолжување на притворот која ја донел Кривичниот суд не е издржана со аргументи.