Верушевски бара отштета за притворот во „Пуч“

Поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Зоран Верушевски бара 71.000 евра отштета во случајот Пуч. Граѓанскиот суд соопшти дека пресудата за барањето на Верушевски, за државен паричен надомест ќе биде објавена најдоцна до 4 ноември. Верушевски беше во притвор 344 денови под сомнение за шпионажа и предавство во случајот Пуч, каде осомничен беше и Зоран Заев, но некогашната специјална обвинителка Катица Јанева, го повлече обвинението.