ДИК спремна да спроведе избори со отворени листи, ако има договор меѓу партиите

0
88

Планираните избори за 12 април, според ВМРО-ДПМНЕ, не можат да се одложат дури ни за да се заврши постапката за полноправно членство во НАТО, ако тоа се случи во првите месеци следната година. Опозициската партија отфрла вакво сценарио и додава дека Собранието може да се свика и по распишувањето на изборите со цел да го ратификува протоколот за членство во Алијанса.

Иако, во сила моментално е само вербалниот договор меѓу партиите за предвремени избори во април, нивните теренски активности зачестија. Сепак, досега нема конкретен чекор за евентуални промени во изборниот законик. Ако се усвои моделот за отворени листи за пратенички кандидати, ДИК административно е спремна да работи и по тој модел.