Точно на пладне затворската полиција го донесе Боки 13 од притвор за да даде исказ пред Вилма Рускоска. Затворското комбе го спроведе преку задниот влез. Со лисици и шише вода се качи во обвинителството за организиран криминал.
Но, Боки 13 не прозборе пред Рускоска. Му се слошило. Почнал да повраќа, па веднаш беше повикана брза помош. За неколку минути на носилки беше изнесен од зградата на обвинителството.