Воспоставена железничка линија помеѓу Србија и Кина долга 10.500 километри

0
190

Воспоставена е првата железничка линија меѓу Србија и Кина, односно првиот товарен воз тргнал на пат од Кина кон Србија. Возот тргнал од кинескиот град Џинан во провинцијата Шангдонг.

-Првиот товарен воз тргна во вторникот од кинескиот град Џинан од провинцијата Шангдонг за Србија. Во оваа композиција има опрема која кинеската компанија CRBC ја користи за изградбата на брзата пруга од Белград до Будимпешта. Со ова Србија доби железничка карго-линија.Отворањето на оваа железничка линија меѓу Србија и Кина создава можности за сите бизнисмени од Србија, но и за регионот, да можат својата стока да ја извезуваат на кинескиот пазар, како и да увезуваат стока од Кина, затоа што железничкиот транспорт е многу поисплатлив од воздушниот и поморскиот сообраќај  – изјави потпретседателот на владата на Србија Зорана Михајловиќ.

.