ВО РАДОВИШ ПО СЕДМИ ПАТ СЕ ОДРЖУВА МАНИФЕСТАЦИЈАТА „САМУН ЕМ ТАТЛИЈА“

0
163

Во Радовиш вечер почнува манифестацијата „Самун ем татлија“, која се одржува по седми пат под покровителство на Општината. Организатор е Центарот за култура „Ацо Караманов“ во рамки на одбележувањето на јубилејот „1.000 години Радовиш“.

Двата радовишки гастрономски брендови-самунот и татлијата се во центарот на оваа манифестација во наредните три денови.

Покрај тоа, организаторите најавуваат и богата програма со разни жанрови и содржини со што ќе привлечат поголем број гости од земјава и странство, кои ќе можат да вкусат од радовишките специјалитети и да уживаат во разновидната музичка програма.