ДРАГАН ПАВЛОВИЌ ЛАТАС ТРЕТ ПАТ СЕ ИЗЈАСНИ НЕВИН ЗА ЗАТАЈУВАЊЕ ДАНОК

0
171

Исто како и судењето за „Шамари во Центар“ и процесот „Тотал“ во кој е обвинет Драган Павловиќ Латас е вратен од почеток поради истек на 90 дена во кои не се одржа рочиште. Пред почетокот странките го договараа текот на постапката, а судот нареди новинарите да почекаат надвор. На денешното судење Латас по трет пат негираше дека е виновен за затајување данок.

Тој е обвинет од СЈО сјо како сопственик и управител на три фирми за маркетинт и консалтинг услуги од 2008 до 2015 заедно со правни лица со намера да одбегнат плаќање даноци во завршните сметки и даночните пријави давале лажни податоци. Правните лица го оштетиле буџетот за 121 илјада евра, а Павловиќ-Латас за 63 илјади евра.