Државниот завод за ревизија влегува во СЈО

0
145

Државниот завод за ревизија (ДЗР) влегува во Специјалното јавното обвинителство. До ревизорите биле испратени неколку анонимни писма од обвинители и вработени во кои се жалат на начинот на кој се делеле предметите, но и надоместоците кои ги добивале обвинителите, пренесува 24 вести.

Контролата веќе била планирана како дел од тематската ревизија за годинава, да бидат проверени сите обвинителства, судови и правосудството, па не било проблем да се вметне и оваа контрола на СЈО. Ревизорите се воздржани од давање детали што точно ќе бараат кај Специјалното обвинителство.

– „Сега не можеме да кажеме што ќе гледаме зашто се работи за тематска ревизија со различни теми. За тоа одлучуваат нашите ревизори по првичната анализа. Некаде ќе ги гледаме човечките ресурси, некаде финансискиот дел, некаде делење на предметите. И да ги видиме капацитетите на судство, правосудството, обвинителството и Народниот правобранител“. – Насер Адеми, заменик државен ревизор.