Најмалиот Ауди во најекстремно пакување (ВИДЕО)

0
217

Преработката се нарекува One of One, а А1 доби единствена верзија и во изгледот , како и во перформансите.

Мирниот премиум претставник на урбаната сцена, на тој начин, стана чудовиште што може да загрози познати имиња, вклучително и оние од супербрзата сцена.

Под капакот е вграден 2.0 TFSI мотор од ТТ серијата, со што се даваат 310 КС како стандард. Сега максимумот се искачи на дури 400 КС. Естетски е тешко дури и да се поврзе овој sвер со серискиот модел. Наместената верзија сега е дури 55 мм поширока. Некои делови од телото како хаубата се изработени од карбон, додека надворешноста е во црна и црвена боја. Автомобилот доби нова суспензија, беше монтиран на 19-инчни тркала, а единствено што изгуби беше задниот пар странични врати, заедно со задните седишта.