Државниот секретар на САД, Мајк Помпео, денеска во Македонија

0
94

Државниот секретар на САД, Мајк Помпео, попладнево ќе слета на аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид. Во Охрид каде ќе има средби со претседателот Стево Пендаровски и со премиерот Зоран Заев, по што треба да одржи прес-конференција.

Мајк Помпео е прв државен секретар на САД што ја посетил земјава, по Колин Пауел, кој престојуваше во официјална посета на Македонија за време на конфликтот во 2001 година.

По средбите со Пендаровски и со Заев во Охрид, Помпео ќе отпатува за Атина.